Штипјанец ја избодел девојката во нејзиниот дом во Велес!

Објавено на 19 февруари, 2013 во 10:38

На инцидентот му претходела расправија.

Дваесет и две годишниот Ј.Т. од Штип доцна во ноќта на 18 ти овој месец дошол во куќата на својата седум години постара девојка М.Ј. од Велес. Веднаш почнале да се распрваат по што во еден момент штипјанецот почнал да ја тепа удирајќи ја со тупаници по главата и телото. Извадил и нож и два пати ја прободел во рацете и коленото. Девојката паднала на подот и веднаш била повикана брза помош. Полицијата работи на расчистување на случајот, пишува во полицискиот билтен.

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.