Се затвора за сообраќај мостот „Гемиџии“ во Велес

Објавено на 29 април, 2014 во 14:57

По мостот, од среда  30 април годинава, нема да се вози. Поради реконструкцијата на мостот преку река Вардар сообраќајот ќе биде запран во  4 часот и ќе стапи на сила посебен режим според кој се додека не заврши поправката нема да се вози по улица „Илинденска“. Дел од сообраќајот ќе се одвива по улиците „8ми Септември“ преку „Стар Мост“ , кон улица „Петре Прличко“ и „Димитар Влахов“ .

Камионите кој ќе доаѓаат од правец на Штип, преку Штипска клучка, ќе се насочуваат кон населба Речани за потоа преку патот од кај Башино Село да влегуваат во градот. Тоа значи дека најголем дел од автомобилите и товарните возила ќе треба во Велес да влегуваат на северниот влез и да го користат приодот од кај Градски базент. 

Велешката полиција додека трае поправката на мостот „Гемиџии“ ќе биде присутна на улиците во и на периферијата на градот со цел да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот .

Од  СВР Велес упатија апел до возачите да се почитува поставената сигнализација. Од нив се бара да не се паркираат автомобили на улиците низ градот кои се во близина на мостот „Гемиџии“./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.