Вардар се излеа во центарот на Велес, поплавен е кејот и градините во Шорка

Објавено на 5 мај, 2014 во 12:42

Изминатата ноќ, повторно, се покачи водостојот на реката. Утринава во вода е кејот во центарот на градот. Водата е со црвена боја а тоа значи дека реката ќе надоаѓа, велеа граѓаните кои денеска минуваа по Стар мост, од едната на другата страна на градот.

За три дена ова е второ покачување на водостојот на реката и излевање во Велес. Водата се излеа од реченото корито и во градините во населбата Шорка. Таму засега под вода се само градинарските култури насадени покрај самото речно корито. Градинарите велат дека дваесет и четири часа ја следат состојбата. Според нив доколку денеска не заврне силен дожд тогаш ќе има можност да се спасат доматите, пиперките и останатите раноградинарски култури. Во спротивно нив водата ќе ги однесе. Исто така градинарите апелираат до вработените во браната Козјак да не испуштаат големи количини на вода во Вардар.

Во изминатите 24 часа, според информации на Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Вардар кај Велес е зголемен за 60 см. Вчера утро во 7.30 часот протокот на вода изнесувал 180 а утрово 240 литри во секунда./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.