Мајка на притворена во акцијата „Отпад“ мета на закани поради имотот

Објавено на 10 мај, 2014 во 11:56

Со тешки маки се соочува велешанката Трајанка Николчева, чиј имот вреден над двеста илјади евра како што вели и е украден од плацот за отпад во Скопје. Голготата почнала уште на почетокот од годинава, откако фирмата била затворена во акцијата Отпад, сметките блокирани а имотот запленет. Трајанка вели дека од плацот секојдневно се изнесувала стока, па денес тој бил целосно празен. Ги знаела луѓето што и ја украле стоката, но се сомнева дека некој во полиција ги штити.

„Се сомневам дека тие што крадат имаат пријатели во полициската станица Бутел. Оти ова не е мала стока, се изнесуваше со камион. Се пријавив камион, приколки, железо, бакар, но досега немам добиено никакво известување од полиција, рече Трајанка.

Тaa и нејзиното семејство постојано добиваат закани по телефон. Неколкупати во фирмата се појавувало и лице кое се претствувало како управител. Досега сами успеале да најдат дел од украдената стока, но не и помош од институциите. Вели не можела да го заштити имотот бидејќи закани и притисоци добивале и стражарите на плацот. Трајанка очајно моли за помош од надлежните институции.

„Ја молам министерката за внатрешни работи, ако треба и таму ќе отидам со сите документи, нека се најде решение за случајов. Да нема повеќе пријателства, корупција, доста е веќе. Јас сум немоќна сама ништо да направам. Живеам во една куќа со една пензија а чувам и три деца, рече Трајанка.

Се почнало кога во акцијата Отпад, што министерството за внатрешни работи ја спроведе во ноември минатата година, кога била уапсена нејзината ќерќа како управител на фирмата. Сега таа откако ја презела управителската функција стравува дека истата судбина може да ја снајде и нејзе, бидејќи како што вели нема од што да ги исплати долговите на фирмата./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.