Почна долгонајавуваното екстерно тестирање за кое до вчера имаше безброј поплаки на загрижени родители и ученици
Основците и средношколците ги покажуваат знаењата кои ги стекнале во текот на школската година. Учениците од пет основни и четири средни училишта во градот го полагаат испитот. Директорите на училиштата велат дека без проблеми се одвива надворешното тестирање.
„Денешниот ден започна убаво. Најважно е тоа што нема отсутни ученици. Забелешки по прашњата засега нема во првите два термина кои се поминати. За екстерното се подготуваме подолг период. Тестирањето се врши во седум кабинети и очекуваме добри резултати„ рече директорката на ООУ Васил Главинов, Лилјана Николовска.
Подготовките за екстерното тестирање учениците ги правеле заедно со професорите. Тие имале одредени забелешки и по нивните реакции, прашањата се променети, велат надлежните. За разлика од минатата година, овој пат прашањата немале некои поголеми недостатоци.
„Имаме одредени пријави за мали неправилности при прашањата ,на пример има прашање на компјутерот ,но немало слика или нешто слично. Сепак од извештаите кои ги добиваме, испитувањето поминува добро„ рече Николовска.
Покрај оценувањето на учениците, со ектерното тестирање се проверува и работата на професорите. Добиената оценка на тестот ќе покаже колку биле веродостојни и правилни оценките кои тие ги добивале во текот на школската година.
Инаку тестот го решаваат учениците од четврто одделение до трета година средно образование. Учениците имаа можност претходно да се запознаат со прашањата бидејќи министерството ги објави уште пред еден месец.
Од тогаш до вчера, социјалните мрежи, беа преплавени со бројни забелешки на загрижени родители на ученици во основно образование кои бараа логика во безброј поставени прашања што нивните деца треба да ги одговорат. Најголема полемика околу изборот и составувањето на прашањата се водеше на Фејсбук. Таму родителите бараа помош околу дилема што кај нив се појавила што е точно а што не или на што треба да се однесува точниот одговор на поставеното прашање.
Денеска во Велес ниту еден ученик од средните училишта не даде изјава дека можеби се колебал при одговарањето на прашањата. Нема поплака ни од родители./Д.С
