Зголемување на производството на пченка преку поставување на систем за наводнување капка по капка
Ова е идејата на Вардарскиот плански регион, УСАИД и општина Велес, чија крајна цел е да се зголемат стадата со крави во регионот. Се повикуваат земјоделците да аплицираат на отворениот конкурс за неповратни средства во висина од 2.600 евра. Единствен услов е да имаат еден хектар земјиште и најмалку пет молзни крави.
Оризарецот Ферхан Биберовиќ е дел од проектот. Задоволен е од тоа како напредува пченката што ја засадил. „Задоволемн сум од тоа како никна пченката. Морам да кажам дека и овие стручните,лица многу ми помагаат со совети и други работи. Здравје по 90 дена кога ќе жнееме ќе видиме дали има корист или нема„ рече Бибаровиќ.
Со поставување на системот за наводнување капка по капка земјоделците ќе станат поконкурентни на пазарот, смета градоначалникот Славчо Чадиев. Според него, на тој начин приносите ќе бидат значително поголеми.
„Ако просекот во државата е 3-4 000 килограми по хектар ,сега проносот треба да биде околу 17 000 килограми по хектар. Тоа ќе значи достигнување или надминување на високите стандарди кои ги има во соседните земји„ рече Славчо Чадиев.
Освен во полошкиот и пелагонискиот, проектот „Да одгледуваме повеќе пченка во 2014 година“ се реализира и во Вардарскиот регион. Тој, според стручните лица има голем потенцијал за одгледување пченка бидејќи со цефковод е поврзан со акумулацијата Лисиче.
„Една од нашите цели при реализација на проектот е да докажеме дека о овој дел може да се одгледува пченка и таа да биде една од главните култири секако преку спроведување на нови методологии како овој систем капка по капка„ рече Мартин Трајчев, проект за експанзија на мали бизниси при УСАИД.
Засега постои голем интерес кај земјоделците и сточарите за овој проект, велат надлежните. Инаку вакви системи какпка по капка се поставени во околината на село Оризари, а шест има и во близина на село Водоврати./Д.С
