Талентирани деца учат традиционални занаети

Објавено на 19 јуни, 2014 во 12:29

Тринаесет годишната Мартина обожува да ткае на разбој. Нејзините раце вешто ја спровираат совалката низ основата на разбојот и го удираат брдото, а нејзините нозе уште повешто ги преместуваат нишките и прават зев. Килимот со традиционалните македонски шари веќе се наѕира на разбојот. Таа вели да се ткае воопшто не е тешко. Тајните на занаетот ги научила на етно работилниците.

„На почетокот беше тешко но баба Вида не научи и сега е лесно. Досега имам направено шал, нараквици, ташничиња и други предмети, рече Мартина.

Етно работилниците ги организира Здружението на граѓани „Разбој“и во соработка со општинските власти им овозможуваат на младите велешани да ги изучуваат старите занаети.

„Прв пат кога го видов разбојот ми изгледаше многу интересен, кога седнав да работам ми стана уште поинтересно и сега е лесно. Изработуваме разни белегзии, мартинки и плетеме,“ рекоа овие млади велешани кои се многу талентирани. Тие се вкупно дваесет кои најдоа време и вешто ги изучуваат старите занаети, ткаење на разбој, грнчарство и столарство.

Покрај ткајачката работилница, во куќата на Касапови, во моментов во спомен куќата на Васил Главинов се одржува столарската, а во чест на Рацин, во неговата родна куќа, се изучува грнчарскиот занает.

Градоначалникот Чадиев најави дека ваквите работилници ќе продолжат со работа и нема да дозволи да изумрат старите занаети особено поради талентираните деца што сега учат а во иднина можеби со нив професионално ќе се занимаваат. Пред три дена почнаа овие работилници. Општината за нив од својот буџет издвои 150 илјади денари./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.