Граѓани, кои живеат до мостот „Гемиџии“, се жалат на ноќната реконструкција

Објавено на 8 јули, 2014 во 15:03

Брумот од  работата на градежните машини секоја ноќ, по полноќ не ни дава мир и спокој, напишаа на фејсбук профилите неколкумина велешани чии куќи се наоѓаат до мостот „Гемиџии“. Иако изразија задоволство од започнатата поправка на најфрекфентниот мост и соопштија дека биле меѓу првите кои го иницирале проблемот со оштетувањата на конструкцијата на мостот тие сега велат дека за нив е нелогично поправките да се прават ноќе а дење да не се работи. Овие граѓани бараат мир од полноќ до наутро бидејќи сонот им е потребен.

Реакцијата беше објавена ноќеска на фејсбук профили на велешани кои живеат во куќите до мостот „Гемиџии“. Еден од нив напиша:

„ Морам да го поставам ова прашање. Дали има одговорно лице во Општина Велес па да испадне да види што се случ ува со реновирањето на мостот на Гемиџиите. Дење се спие а ноќе се изиграва дека многу се работи .Точно е јас бев можеби најгласниот да се реновира мостот ама да се тероризираат маса на луѓе во ноќните саати е тоа дали е во ред. СЕГА Е 00 И 15 МИНУТИ ПА ИЗЛЕЗЕТЕ ДА ВИДИТЕ ШТО СЕ СЛИЧУВА НАВОДНО СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА ,ама да се работи барем 20% во текот на денот ќе нема потреба ни после 12 ч.напладне да се работи .Би прашал уште кај сте медиуми од Велес да испаднете и да видите како се работи дење двајца а ноќе тешка машинерија и се изиграва дека се работи.“

А дека на мостот, во центарот на Велес, се интензивирани градежните работи и се изведуваат согласно утврдена динамика за работа вчера потврди и директорот на јавното претпријатие за државни патишта. Љупчо Ѓоргиевски рече дека фирмата изведувач ветила да ги заврши градежните работи за пократок период бидејќи во центарот на Велес се создава голема сообраќајна гужва.

„Нам ни е потполно јасен и оправдан револтот кој го чувствуваат граѓаните на Велес. Но еве сега ќе кажам да се стрпат уште малку затоа што на почетокот на август ќе го пуштиме мостот за сообраќај,“рече Ѓорѓиевски.

Ставањето во сообраќај на мостот „Гемиџии“ ќе го намали сообраќајниот хаос што сега се создава бидејќи од едната на другата страна во Велес, преку река Вардар, се мине само по Стар мост. Тука мине железничката линија Скопје – Гевгелија и рампите на преминот се спуштаат од петнаесет до дваесет пати за дваесет и четири часа.

Сепак целосната поправка на мостот „Ѓемиџии“ се очекува да заврши в година во март. Тоа значи дека по мостот ќе минат автомобили но под мостот ќе се работи уште девет месеци./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.