Сам или со помош од полиција, Златко Арсовски во септември ќе мора да се појави во судница

Објавено на 14 јули, 2014 во 11:33

Поради болеста хемофилија Златко Арсовски, алијас Бреза во судскиот процес за платеното убиство во велешко Ореше, не дојде и денеска во судницата на велешки суд во процесот што против него го води државата за давање на лажен исказ.

 

Отсуството на обвинетиот го оправда неговиот бранител Ангеле Ивановски. Адвокатот приложи медицински документ. Во него пишува дека Арсовски добил внатрешно крварење на белите дробови, се лекува и не може да присуствува на судењето. Судијата Шефчет Адеми го констатираше отсуството со забелешка дека доколку обвинетиот за давање на лажен изказ Златко Арсовски на наредното рочиште, на 4 септември, не се појави во судницата ќе бара полицијата да го донесе.

Инаку на денешниот главен претрес беше соопштено дека лекарите од Невропсихијатриската клиника од Скопје во вештачењето констатирале дека Арсовски нема психички проблеми, пресметлив е и знае со што се соочува на судењето.  Судот може да ги земе во предвид неговите искази по обвинението и кривичната пријава.

“ Ова вештачење говори за психолошката и психофизичката состојба на мојот клиент но не и за здравствената, “ рече неговиот бранител Ивановски.

Златко Арсовски алијас Бреза, лани си го откри идентитетот и во целост го смени судскиот процес  Ореше во кој на обвинителна клупа седат браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски обвинети за извршување како и Ѓоре Петровски за нарачка на убиството на старецот Лазо Милошесвки од велешко Ореше./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.