Болеста син јазик ја зафати целата територија на општина Велес

Објавено на 18 септември, 2014 во 12:42

Скоро и да нема здраво стадо со овци во велешко. Болеста син јазик се шири а сточарите се во паника. Ги бројат угинатите и во исто време се борат да ја спасат секоја од заболените овци. Расне бројот и на заболени јагниња. Засега нема заболени кози и крави. Но сопствениците на стадата во селото Горно Оризари,каде има најмногу сточари кои одгледуваат крави, велат дека се на готовс. И тие стравуваат од болеста и постојано го надгледуваат добитокот. Тоа не им успева на овчарите, во нивните стада болеста секојдневно покосува по две, пет па и повеќе овци и јагниња.

Секојдневно на терен се и ветеринарните лекари. Доктор Никола Симонов ,од ветеринарната станица,  денеска вели дека болеста се проширила на целата територија на општина Велес и процентот на заболени овци веќе изнесува помеѓу триесет и четириесет отсто.

“Во моментов ги собираме информациите од сточарите. Кога станува збор за морбидноста, значи за заболените овци,  тука процентот кај стадата се движи помеѓу 30 и 40 отсто. Додека смртноста пак е различна од стадо до стадо и се движи од 2 до 20 отсто. Акутни проблеми имаме во изминатите две недели и сега очекуваме болеста да се смирува. На терен работиме секојдневно со тоа што даваме терапија со витамини, антибиотици, кортизони и антифламаторни препарати на заболените овци и јагниња.  Со тоа ја смалуваме можноста за секундарни инфекции инаку на вирусното заболување не можеме да влијаеме,“ рече д-р Симоновски.

Тој вели дека засега болеста не се проширила на стадата со кози и кај кравите./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.