Полицијата откри дрога во дом на велешанец

Објавено на 19 септември, 2014 во 12:32

Станува збор за околу два килограми марихуана.По наредба на основен суд, полицијата извршила претрес во домот и помошните простории каде живее триесет и девет годишниот С.Н и пронашла најлонско пакување со опојна дрога од околу триесет грама и седум поголеми пакувања марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.

Дрогата е одземена и е предадена на вештачење.

Против триесет и девет годишникот и педесет и четиригодишниот Ц.А. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Двајцата осомничени се изведени пред истражен судија, соопшти МВР.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.