Велешанец омаловажувал и навредувал полициски службеници

Објавено на 25 септември, 2014 во 12:15

Триесет годишниот И.С., вчера попладне околу 17 часот,движејќи се по улицата Луј Пастер, поминал покрај двајца униформирани полициски службеници и почнал да ги навредува со погрдни зборови.

Кога полицајците се обиделе да го легитимираат тој легнал на средината на улицата, почнал да се инати и не сакал да стане.

Не ги послушал полицајците и одбил да се легитимира. По неколку минутна расправија триесет годишникот е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе заработи и соодветна пријава./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.