Граѓаните се плашат,здруженијата бараат заштита на бездомните кучиња а надлежните велат изградбата на стационар била скапа инвестиција

Објавено на 6 октомври, 2014 во 13:29

Додека граѓаните се жалат на се поголем број на кучиња скитници кои безмилосно ги напаѓаат сред бел ден и нема каде да се пожалат од Здружението за заштита на животни „Обезбеди живот“ апелираат граѓаните да се воздржат од труење на домашните миленици. Според нив труењето на животните е голем проблем во Велес. Неодамна беа отруени четири кучиња и дваесетина мачки на улицата „Владимир Назор“. Од здружението бараат директна примена на законот за заштита на животни.

„Треба сите инволвирани страни да седнат и да се договорат за поголема примена на законот ,кој постои ,треба само да се воведе во пракса,“ рече Робертино Васков.

Здружението неодамна почна да собира и потписи за петиција против труењето на животните.  Досега се потпишани 98 граѓани. Од надлежните ќе се бара да се донесе акциски план кој предвидува по заловувањето и третиртањето на бездомните кучиња да им се обезбеди сигурна средина.

„Од многу реони во градот имаме барања да се направи безбедна средина за бездомните животни. Мора тоа да е направи за да може животните да се адаптираат на средината по нивното третирање, “ рече Васков.

Бројот на бездомни кучиња од ден во ден се повеќе се зголемува, алармираат од здружението. Според нив, најкритична била левата страна од градот. Но граѓаните велат дека ги има насекаде. Последниот случај на напад на куче скитник е регистриран на главната улица и тоа среде бел ден. Тогаш група кучиња нападнале жена која слободно си одела на тротоар.

Додека и граѓаните и здруженијата се борат за заштита од кучињата скитници, надлежните институции седат со скрстени раце. Освен што имаат законска обврска да ги заловат, третираат и пуштат, не можат да превземат ништо друго, бидејќи изградбата на стационар била скапа инвестиција./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.