Викендов, за време на Питијадата, низ градот ќе има нов сообраќаен режим

Објавено на 8 октомври, 2014 во 13:27

Нов сообраќаен режим за престојниот викенд во пресрет на манифестацијата „Велешка питијада 2014“. Исто како и во изминатите години, Фестивалот на питата и виното ќе се одржува на главната улица “Благој Ѓорев“, од потегот на Гимназијата па се до крстосницата кај Авона. Проектот за новиот времен режим на сообраќај е веќе изработен и одобрен.

На овој дел од градот нема да има сообраќај, а многу од еднонасочните сообраќајници ќе станат двонасочни. Дел од нив ќе се искористат и како паркинг зони. Велешката полиција ќе постави нова вертикална сигнализација, сообраќајни знаци и бариери но и лично ќе им асистира на возачите.

„Апелираме граѓаните да се воздржат, да ги остават автомобилите и да се движат пеш, бидејќи како што се очекува манифестацијата да ја посетат илјадници граѓани од целата држава, можно е да се создаде метеж, редици од автомобили и застој во сообраќајот,“ рече портпаролот на општина Велес Мартин Мајсторов.

Инаку според информациите на локалната власт новиот сообраќаен режим на сила стапува утре претпладне во 10:00 часот и ќе важи до недела на полноќ./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.