За само еден месец втора сообраќајка на возачот кој прегази пет годишно девојче во Превалец

Објавено на 30 јануари, 2015 во 13:12

Не му е прва сообраќајна незгода на дваесет и девет годишниот Е.М. од село Горно Оризари кој неќнавечер со својот автомобил прегази дете во населбата Превалец.  Тој лани на 29-ти декември во непосредна близина на стоковната куќа БОС  возејќи го автомобилот  удрил во мајка и дете, но овој пат не избегал туку постапил совесно. Веднаш ги пренел повредените во болницата, каде им биле констатирани полесни телесни повреди.

По  еден месец Е.М. предизвика и втора сообраќајна несреќа, овој пат со фатални последици.  Од ударот со автомобилот марка Фолксфаген голф на лице место усмрти пет годишно девојче од село Горно Јаболчиште.  Од засега неутврдени причини тој преминал на другата коловозна лента од патот и директно удрил во девојчето кое заедно со својата мајка чекало такси за Јаболчиште.

Е.М. имал здравствени проблеми. Лекарите потврдуваат дека боледувал од дијабетис, болест која според нив во моменти на покачување или снижување на шеќерот во крвта, може да предизвика вртоглавица па дури и несвестица./Д.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.