Општинските комисии ги согледуваа штетите од невремето во кавадаречко

Објавено на 3 февруари, 2015 во 14:51

Поплавени се неколку лозови насади во кавадаречко, а има штети и на други земјоделски површини и култури. Ваква е оценката на членовите на комисиите за земјоделство и лозарство кои денеска излегоа на увид за да ги согледаат штетите од невремето.

„Констатиравме дека  се направени одредени штети на земјоделски  површини во околината на речното корито на реката Луда Мара кај Глишиќ. Реката е излеана поради нерегулираното корито. Штетите се од карактер што граѓаните можат да ги пријават во општината “ рече Трајче Грков член на комисијата за лозарство и нагласи дека Кавадарци има конфигурација на теренот која не дозволува поголемо излевање на водата од Луда Мара.

Комисијата констатира дека штети на земјоделските површини има и во  Раец и Дреново особено површини кои се на  ниски коти покрај Раечка Река./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.