Старица се фрли во Вардар од Мало Мовче,полицијата го пронајде трупот и го бара семејството

Објавено на 26 март, 2015 во 14:32

Женски труп на возраст помеѓу седумдесет и осумдесет години е пронајден денеска попладне околу 15 часот во водите на река Вардар во близина на Велес, во месноста викана Јулика. Удавената жена на себе носела црн џемпер и под него црна блуза како и црно здолниште а на нозете носела црни хулахопки. По вадењето на телото на старицата од полицијата ги повикуваат велешани доколку имаат информација поврзана со исчезната жена да се јават на телефонскиот број 192.

Инаку очевидци виделе како старата жена некаде околу 14 часот и 20 минути, во центарот на Велес, се фрлила во Вардар од Мало мовче. Тие и дојавиле на полицијата за немилиот настан која врднаш потоа го пронајде телото на жената на околу пет километри јужно од градот, по течението на реката./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.