Двајца новозаразени и тројца оздравени велешани од Ковид 19

Објавено: 21 јули, 2020, во 15:10 часот

Velespanorama fin

21.07.2020

Двајца новозаразени и тројца оздравени велешани се вбројуваат во дневната статистика на Министерството за здравство и Институт за јавно здравје што се однесува на состојбата со коронавирусот во последните 24 часа во Општина Велес.

Во вардарски регион новозаразени се уште четири граѓани на Кавадарци и три на Свети Николе.

Во денот кога нема починати пациенти од Ковид 19 во држвата меѓу оздравените се и двајца граѓани на Кавадарци.

Сепак Институтот за јавно здравје, во изминатото деноноќие, регистрира 163 новозаболени и 69 оздравени граѓани во државата. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.