Контролирани и санкционирани 20 моторциклисти од полицијата во Велес
Објавено на 30 јули, 2020 во 12:41
30.07.2020
Вчера вечер од 20 часот до утринава до 2 часот траела контролата на сообраќајната полиција на Секторот за внатрешни работи во која се контролирале и санкционирале моторциклисти.
Дваесет моторциклисти направиле сообраќајни прекршоци.
Граѓани на Велес во изминатиов период постојано и се жалеле на Општина Велес за неподносливата бука што околу полноќ и во раните утрински часови им го ремети сонот.
Освен во Велес, сообраќајната полиција ноќеска контроли реализирала и во Кавадарци каде биле регистрирани и санкционирани 27 моторциклисти додека пет во Неготино./С.А