Две физички пресметки, по една во Велес и во Кавадарци, како и едно приведување во полициска станица

Објавено: 21 август, 2020, во 12:26 часот

SVRVeles fin

21.08.2020

Нерасчистени должничко доверителски односи биле причина за вчерашната физичка пресметка што се случила околу 15 часот помеѓу двајца мажи на месноста Којник во Велес. Таму се степале двајца мажи.

“На 20.08.2020 околу 15.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„С.Петков“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.С.(23) од с.Мелница во општина Чашка и Ѓ.Д.(35) од Велес. Според пријавеното, причина за пресметката се должничко-доверителски односи,“ пишува во соопштението на СВР Велес.

Втората физичка пресметка се случила во Кавадарци, вчера вечер, околу 19 часот, кога во полициска станица било пријавено дека на улица „Игман“ по претходна расправија, исто така, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(45) и С.П.(77), двајцата од Кавадарци.

По целосно документирање на случајот против сите учесниците во расправиите и тепачките полицијата најави дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Приведувањето пак на двајцата велешани се случило ,завчера вечер, на 19 август, околу 23.30 часот, кога во СВР Велес биле однесени Л.Д.(70) и Н.Д.(59) поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир во двор на семејна куќа, во Велес, со викање, непристојно однесување и фрлање на предмети. И против нив полицијата ќе поднесе соодветен поднесок штом целосно го документира настанот. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.