Возило удри девојче на плоштад „Сармаале“ во Велес
Објавено: 21 август, 2020, во 13:27 часот
21.08.2020
Сообраќајната незгода се случила пред триесет минути на плоштад Сармаале, поточно на пешачкиот премин крај зграда на Основен суд Велес, кога патничкото возило удрило во 19 годишно девојче.
Веднаш била повикана Итна помош чија медицинска екипа констатирала повреди на глава, десна страна на граден кош и на карлица на повредената.

– Пациентката беше прегледана, мобилизирана и пренесена пренесена во Хирушки амбуланти на Општа болница Велес. Таа имаше уреден невролошки статус но сепак беше вознемирана. Се жалеше на гадење. Предадена е на специјалисти по хирушки болести, рече д-р Јадранка Мишкова од екипата на Итна помош.
-Во моментов се реализираат ренгенски снимања. Пациентката веќе е прегледана од колегите на хирушкото одделение и упатена на потребни испитувања. Ќе се чекаат резултатите.Неа во болницава ја придружуваат родителите, рече д-р Весна Николовска Неделкова.
Од СВР Велес го потврдија настанот. Нивна екипа излегла да направи увид на лице место. Увидот треба да ги утврди причините кои ја предизвикале незгодата./У.Ј



