Донација од „КАМ“ за 80 сиромашни семејства во Велес

Објавено: 21 август, 2020, во 15:37 часот

Kam1

21.08.2020

Пакетите содржат прехрамбени продукти и средства за лична хигиена што трговскиот ланец самоиницијативно како хуманитарна донација го намени за социјално ранливите семејства од Општина Велес.

Донацијата во Велес ја предаде регионалниот менаџер на компанијата Владимир Трајковски на Општина Велес по што оствари работна средба со градоначалникот Аце Коцевски.

Градоначалникот Коцевски се заблагодари и изрази надеж дека овој пример, кој ја потврдува компанијата „КАМ” како општествено одговорна компанија, ќе го следат и други фирми од градот и државата.

Kam2

Во соработка со Општинската организација на Црвен крст од Велес, донацијата ќе биде поделена на осумдесет семејства во ризик од Општина Велес.

За време на пандемијата предизвикана од Корона вирусот, Компанијата „КАМ” ДОО Скопје, освен во Велес хуманитарни пакети подготви и дели низ општините ширум државата./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.