Тројца новозаразени и седум оздравени пациенти од коронавирус
Објавено: 3 октомври, 2020, во 15:50 часот
3.10.2020
Во изминатите 24 часа нови тројца велешани се заразиле и седум оздравеле од Ковид-19. Ескалира бројот на заразени, дури 12 во Свети Николе, додека во Кавадарци бројката изнесува четири и во Недотино двајца заболени.
Во вардарски плански регион, во последните 24 часа, се регистрирани седум оздравени пациенти во Велес и двајца во Кавадарци.

Денеска од Инфективното одделение на Општа болница Велес се отпуштени пет оздравени пациенти, сите со по два негативни теста.
-На одделението се лекуваат вкупно 17 пациенти со корона вирус. Значи сите се позитивни. Од нив двајца се на кислородна поддршка, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова./С.А


