За три деноноќиа СВР Велес казни 220 граѓани за неносење на заштитна маска

Објавено: 5 октомври, 2020, во 17:30 часот

kazni fin

5.10.2020

Велешани се најбројни во напишаните казни за неносење на заштитна маска од страна на полициските службеници. Од петокот до утринава вкупно 136 граѓани на Велес заработија канени налози за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети. Најголем број од нив биле казнети во деноноќието помеѓу 3 и 4 октомври, вкупно 48 лица кои полицијата ги затекнала без заштитна маска додека се надвор од домот.

Во истиот временски период службеници на Полициска станица Кавадарци казниле 45 граѓани додека во Неготино 41 лице.

Според статистиката на СВР Велес најголем број на казни за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита се напишани во саботата и неделата на 3 и 4 октомври./С.А

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.