Набавени прочистувачи за скоро сите занимални на детската градинка во Велес со пари од општискиот буџет

Објавено: 8 октомври, 2020, во 14:07 часот

MAJAsoozoneri fin

8.10.2020

Со средства од општинскиот буџет, во вкупен износ од 700.000,00 денари со пресметан ДДВ, се набавени прочистувачите на воздухот за објектите на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев” во Велес. Одлуката за набавка на апаратите ја донесе Советот на општината.

MAJAiKOCEVSKI fin

-Средствата се обезбедени од Програмата за социјална заштита за 2020 година. За помалите занимални обезбедивме вкупно 15 прочистувачи во вредност од 158.120,00 денари со вклучен ДДВ, додека пак за поголемите занимални, 24 прочистувачи, во вредност од 376.656,00 денари со вклучен ДДВ, во вкупна вредност од 534. 776, 00 денари со вклучен ДДВ. Овие прочистувачи се давааат на трајно користење на установата, која ќе ги распредели соодветно на нивната јачина според големината по занималните”, рече Коцевски.

Засега без апарати се само две во објект број три но не за долго бидејќи набрзо преку нова набавка прочистувачи на воздухот ќе добијат и дечињата кои престојуваат во двете занимални на објектот „Детелинки“. /С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.