Ексклузивна стара фотографија на која се прикажани мачните македонски жени
Објавено: 19 октомври, 2020, во 16:03 часот
19.10.2020
Животот на нашите претци секогаш бил тежок. Змијата во гората што не видела Македонецот на своите плеќи го носел со векови. Со леб и сол родот свој го раснел и чувал. И го зачувал. Бил потчинет, потиснат, тепан и малтретиран. Секогаш над него, со камшик или пушка, имало некој друг. Некој кој посегал по неговата слободата, по името, а не успеал.
Им ја земале летнината затоа и биле гладни. Ноќе, од тоа што им оставале, домаќинките брашно правеле. На два камења, со испуканите дланки, со долг стап, македонските прабаби, баби, па и мајки, за домаќонот, свекорот, свекрвата, децата ,леб обезбедувале. И опстанале. Го зачувале родот. Ја зачувале Македонија!.
Дума.мк пронајде една фотографија на која се прикажани,домаќинки што кришум од душманите, мелеле брашно. И од пченица и од пченка. И за леб и за бакрданик.
На неа на најубав начин е насликан тешкиот живот на македонската жена, која заедно со своите мажи и покрај маките успеале да ни го зачуваат и родот и името. Им се поклонуваме и им благодариме!
Стоилко Андреевски
