Повторно висока бројка од 64 заразени и еден починат од Ковид-19 во Велес

Објавено: 11 ноември, 2020, во 21:31 часот

 

Velespanorama fin

11.11.2020

Во Велес 64 новозаразени граѓани се евидентирани во изминатото деноноќие. По неколку дневна пауза бројот на заболените во изминатите 24 часа се враќа со статистички податоци кои говорат дека состојбата со заразата во градот не се смирува.

Во Тиквешијата, поточно во Кавадарци бројката на новозаразени денеска падна на 23 додека во Неготино е евидентиран еден повеќе заболен или 24 што вкупно изнесува 47 граѓани. Во оваа бројка влегуваат и заразените од Демир Капија и Росоман.

Од Вардарски плански регион има уште еден град што бележи новозаболени. Тоа е Свети Николе каде се евидентирани нови 12 заболени од коронавирус.

Според евиденцијата на Министерството за здравство починат е еден велешанец на возраст од 68 години и еден кавадарчанец на 71 годишна возраст. Тие се починати како пациенти, во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од Велес, 6 од Кавадарци, 7 од Свети Николе и 1 од Неготино.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.