Исчезнато малолетно дете од Кочани и тепачка во кафеана во Велес како и касната од бездомно куче Гевгеличанка во Неготино
07.12.2020
Вчера вечер, околу 23:00 часот, во Полициската станица Велес, PБ.Д.(62) пријавила дека од нејзиниот дом се оддалечило и не се вратило 12 годишното дете Д.И од Кочани. Од Секторот за внатрешни работи Велес велат дека постапуваат по пријавата и работат на пронаоѓање на детето.
Три ипол часа претходно полициските службеници во Полициска станица Велес примиле пријава и за тепачка во угостителски објект на ул.„Коле Дрнков“ во Велес. Таму Љ.А.(26) бил физички нападнат од едно лице.
Се работи на расчистување на случајот, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски .
Вчера, исто така, е касната од бездомно куче и жена во Неготино. Во Полициска станица во Неготино И.Н (40) од Гевгелија пријавила дека напладне била нападната и касната од куче на ул.„Даме Груев“ во Неготино.
Стоилко Андреевски