Пет пијани возачи управувале моторни возила и 49 граѓани не носеле заштитна маска во Велес, Кавадарци и Неготино
Објавено на 7 декември, 2020 во 17:47
7.12.2020
Изминатава сабота полициските сообраќајни службеници од 16.00 до 22.00 часот спровеле акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес.
Тие регистрирале вкупно пет пијани возачи кои управувале моторни возилаво Велес, во Кавадарци и во Неготино.
Исто така, во изминатите 24 часа, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полицијата евидентирала и вкупно 49 лица. Од нив заштитна маска не носеле 32 Велешани, петмина Кавадарчани и 12 Неготинци.
Против сите овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Стоилко Андреевски