Во еден ден пријави за пет физички напади евидентирани во СВР Велес
16.12.2020
По еден во Велес и во Неготино и три се пријавени во Полициска станица Кавадарци. Четири се случиле во текот на вчерашниот ден додека еден пред десет дена но е пријавен вчера.
Првиот се случил околу 13.00 часот кога во СВР Велес било пријавено дека во продавница на ул.„Прохор Пчински“ во Велес, М.Л.(33) била физички нападната од А.Ѓ.(37) од Велес.
Вторите два физички напади се случиле во Кавадарци. Таму во 14.25 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, К.С.(45) пријавил дека околу 13.40 часот бил физички нападат од Д.Н.(53). Потоа околу 17.30 часот во оваа Полициска станица и Д.Н.(53) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот во Кавадарци бил физички нападнат од К.С.(45). Третата пријава се однесува за физички напад што се случил на 6 декември околу 19.45 часот кога Т.С.(53) пријавил дека бил физички нападнат од Ј.М.(61) пред неговата куќа.
Физички напад е регистриран и во Полициска станица Неготино каде во 15.20 часот во 39-годишна жена од Неготино пријавила дека околу 14.30 часот во нивниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг К.В.(39). Лицето е лишено од слобода и против него ке биде поднесена соодветна пријава.
-Се работи на расветлување на пријавените напади по што ќе бидат превземени соодветни мерки, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски