Починаа две пациентки од ковид-19 во велешка болница, дома си заминаа четворица оздравени пациенти
19.12.2020
Двете жени се велешанки. Првата е на 70 додека втората на 65 годишна возраст. Тие два дена се лекувале на Интерното одделение во болницата.
Денеска во велешка болница вкупно се хоспитализирани 46 ковид пациенти, од кои 28 се потврдено позитивни,непотврдени се 7,негативни се 11.
На кислородна поддршка се 17 пациенти.
На Инфективно се лекуваат 36 ковид пациенти што значи дека има 19 слободни легла, на Одделението за физикална медицина и рехабилитација 4 полесно болни ковид пациенти додека слободни се 14 легла и на Интерното одделение има хоспитализирани 6 оздравени болни од ковид-19 на кои сеуште им се потребни здравствена нега и услуги.
Од болницата денеска испишани се 4 оздравени пациенти, со по еден негативен брис, кои се упатени на домашно лекување.
Стоилко Андреевски