Нови 24 позитивни на коронавирусот, со оние што се на домашно лекување вкупно 658 велешани
Објавено на 19 декември, 2020 во 18:52
19.12.2020
Резултатите од земените брисови на граѓани денеска покажаа резултати според кои во Велес има нови 24 позитивни или вкупно, од почетокот на пандемијата, 2599 граѓани. Центарот за јавно здравје регистрира и 23 оздравени чии резултати, по лекувањето, се негативни или досега вкупно 1823 граѓани.
Денеска починаа две жени на Интерно одделение во велешка болница со што вкупниот број на починати сограѓани изнесува 84. Како активни на ковид-19 се водат 692 велешани.
Освен во Општа болница Велес каде вкупно се лекуваат 50, по примени нови 4 пациенти, има и 7 ковид болни велешани кои се лекуваат во приватни клиники во Скопје, едно лице во Торако васкуларна клиника во Скопје додека на домашно лекување се 634 велешани.
Убавка Јаневска