Единаесет новозаболени велешани од коронавирус и 605 активни
25.12.2020
Единаесет новозаболени граѓани од коронавирус регистрира денеска Центар за јавно здравје Велес. Со нив во велешко вкупната бројка на заболени, од почетокот на епидемијата, изнесува 2686 ковид пациенти.
Скоро двојно поголем е бројот на оздравени велешани или вкупно 29 со што од почетокот на пандемијата изнесува 1996 лица.
Со опасниот вирус не успеаја да се справат 85 сограѓани.
Исто така, висок е бројот на активни лица или 605 во велешко.
Според Центарот за јавно здравје Велес денеска освен ковид пациентите на болничко лекување во велешка болница има велешани и во Болница „Козле“. Таму, во ковид центарот, се лекува еден ковид болен велешанец како и пет во приватни клиники во Скопје.
На домашно лекување во Велес со населените места има вкупно 574 сограѓани.
Убавка Јаневска