Кризниот штаб на Велес оцени: Стабилна е состојбата со коронавирусот, но се’ уште е рано за опуштање
29.01.2021
Ситуацијата со Ковид -19 во Велес е стабилна, но сѐ уште нема простор за опуштање гласат препораките за заштита на општинскиот Кризен штаб , по денешната 32 редовна седница.
Од почетокот на пандемијата до сега во Велес се регистрирани 3056 позитивни на Ковид – 19. Од нив 2.692 се оздравени а 262 се сеуште активни.
Како последица на Ковид – 19 во градот починаа 102 лица.
Во моментов од општинската администрација позитивен и во изолација се по еден вработен, во две општински културни институции, Народен музеј и Градска библиотека,како и во ЈКП „Дервен“ и против пожарната територијлна едница нема инфицирани ниту вработени во изолација.
Вкупно во основните училишта имаме еден позитивен ученик, 34 ученици се во самоизолација, еден наставник кој е позитивен и еден вработен во стручните служби кој е позитивен на Ковид-19. Во средните улучишта има четири ученици позитивни, еден ученик во изолација и еден наставник во изолација. Во детската градинка „Димче Мирчев“, има двајца наставнички кои се позитивни на Ковид-19.
Кризниот штаб и понатаму препорачува граѓаните да бидат претпазиливи и да не се опуштаат исто така да ги почитуваат здравствените мерки и да издржат уште месец до два.
Кластери во велешко нема, но има зголемување на бројот на заразени во последните неколку денови. Причина за тоа се младите кои се собираат во кафетериите. На инфективното одделение во велешката болница моментално се хоспитализирани 18 пациенти од кои 16 се потврдени позитивни. Седуммина од нив се на кислородна поддршка.
Исто така кризниот штаб бил инфромириан дека интензивно се работи на модуларната болница која во најскоро време треба да биде готова и комплетно подготвена да ги прима пациентите.
Стефани Манева