Полицијата ја поднесе првата кривична пријава против угостител за не почитување на здравствени мерки
Објавено на 29 јануари, 2021 во 16:57
29.01.2021
СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.К.(38), сопственик и управител на угостителски објект и правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
„На 31.12.2020 од полициски службеници, при извршена контрола во објектот, било констатирано дека не биле почитувани протоколите и издадената наредба од Владата на Република Северна Македонија во врска со забраната за групирање на повеќе од четири лица на една маса во угостителски објект“, пишува во соопштението за јавност на МВР.
Стоилко Андреевски