Преполовен бројот на сообраќајни незгоди со повредени пешаци на улиците во Велес
Објавено: 29 јануари, 2021, во 17:09 часот
29.01.2020
Минатата година се случиле 25 сообраќајни незгоди во кои се повредени пешаци на градските улици. Споредено со 2019 и 2018 година кога се случиле 40 или 35 незгоди бројот е скоро преполовен.
Дел од нив се случиле при преминување на премини а дел на тротоари. Секорот за внатрешни работи Велес овие информации и ги доставил на општината.

Според проценките на градската власт ваквата позитивна промена се должи на поставената опрема пред пешачките премини и метални столбчиња за заштита на тротоарите со што се спречи непрописно паркирање и брзо возење на критичните точки на главната сообраќајница.
Во изминатиот период општината постави столбчиња на над 15 улици во градот меѓу кои и централното градско подрачје што се усогласени со Планот за одржлива урбана мобилност во кој безбедноста на пешаците и велосипедистите е на прво место.
СВР Велес ја поттикнал општината да продолжи со поставување на столбчиња.
Нив наскоро ќе ги има и на улиците „Љубљанска“ од Пекара „Ќоше“ кон ООУ „Блаже Конески“, од двете страни на улицата „Лазо Осмаков“ и на улицата „8 ми Септември“ од левата страна на тротоарот наспроти паркинг просторот под Градски саат.
Убавка Јаневска



