Млада велешанка почина, 37 пациенти се лекуваат од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 4 февруари, 2021 во 15:43
04.02.2021
На 48 годишна возраст,позитивна на Ковид 19 од Велес, велешанката вчера била донесена на Инфективно одделение во тешка општа здравствена состојба. Таа починала истиот ден кога била примена на болничко лекување.
Во Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 34, од кои 27 се потврдени позитивни и седум пациенти со негативен брис но се задржани на болничко лекување.
Од нив на кислородна поддршка се 9 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 29 и на Интерно одделение пет од вкупниот број на ковидпациенти.
Стефани Манева
