Во велешка болница вкупно хоспитализирани се 36 лица, осум од нив на кислородна поддршка
Објавено на 18 февруари, 2021 во 12:15
18.02.2021
Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 36 лица. На Инфективно одделение се лекуваат 32 ковид пациенти додека на Интерно само четири лица.
-Од хоспитализираните потврдени позитивни се 28 , еден пациент е сомнителен и седум пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се осум пациенти.
Во текот на денот испишани се четири лица како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева