Велес со 17 оздравени, Кавадарци повторно со најголем број на ново заразени граѓани во вардарски регион
21.02.2021
По Скопје со 111, Прилеп со 29 на трето место во табелата е Кавадарци со 20 нови заразени граѓани од Ковид-19 и во изминатите 24 часа кога направени се 2.160 тестирања и регистрирани се 254 нови случаи. Потоа следи Неготино со 10 и Велес со шест шест новозаболени.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека 50 % од новозаразените се од британскиот сој на вирусот.
Во Велес денеска во Општа болница вкупно хоспитализирани се 31, од кои 24 се потврдено позитивни, 4 сомнителни и 3 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се лекуваат 28 и на Интерно одделение тројца пациенти.
На кислородна поддршка се 8 пациенти.
Денеска од болницата испишан е еден пациент, како оздравен со еден негативен тест.
Според Министерството за здравство денеска на државно ниво починати се 16 лица, 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Во исто време, во државата, регистрирани се 151 оздравени пациенти од:
-Скопје 86
-Велес 17
-Прилеп 15
-Тетово 7
-Куманово 6
-Крушево 4
-Гевгелија 3
-Битола, Кичево, Виница, Кратово по 2
-Штип, Кочани, Дебар, Крива Паланка, Радовиш по 1
Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.
Убавка Јаневска
