СВР Велес: Малолетно дете каснато од куче скитник и евидентирани 34 лица кои не носеле заштитна маска
Објавено на 25 февруари, 2021 во 12:16
25.02.2021
Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Велес, С.А.(46) од Велес, пријавил дека на плоштад „Којник“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
-Истиот ден од 08.00 до 16.00 часот на подрачјето на Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 15 прекршоци кои ќе бидат санкционирани со соодветни пријави, соопшти Верољуб Додевки, потпарол на СВР Велес.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 34 лица, и тоа, 18 во Велес, 11 во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева