Починат маж од ковид-19 во Општа болница Велес, во моментов вкупно се хоспитализирани 99 ковид пациенти
Објавено на 6 април, 2021 во 18:32
06.04.2021
Починатиот велешанец е на 69 годишна возраст, лекуван осум дена на Инфектино одделение.
Денеска вкупно се хоспитализирани 99, од кои 91 се потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 49 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 54 ковид пациенти, на Интерно одделение пет пациенти и во Модуларна болница 40.
Денеска од болничко лекување испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева