СВР Велес: Не еден туку два физички напади, во два дена, од ист малолетник се случиле во Велес

Објавено на 21 април, 2021 во 09:50

VtoratepackamaloletnickaVeles

21.04.2021

Во соопштението на Секторот за внатрешни работи поврзан со физичкиот напад од малолетно над малолетно дете во Велес пишува дека детето што напаѓа е пријавено не за еден туку за два физички напади над малолетници. Првиот бил пријавен на 17 април, во 16 часот додека вториот физички напад, еден ден подоцна, во 15 часот.

„ На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, од граѓани било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете,“ пишува во соопштението на СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.