СВР Велес: Не еден туку два физички напади, во два дена, од ист малолетник се случиле во Велес
21.04.2021
Во соопштението на Секторот за внатрешни работи поврзан со физичкиот напад од малолетно над малолетно дете во Велес пишува дека детето што напаѓа е пријавено не за еден туку за два физички напади над малолетници. Првиот бил пријавен на 17 април, во 16 часот додека вториот физички напад, еден ден подоцна, во 15 часот.
„ На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, од граѓани било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете,“ пишува во соопштението на СВР Велес.
Стефани Манева