Нема гужви и редици за електронските здравствени картици во велешкиот Фонд

Објавено на 14 јануари, 2014 во 17:11

Од вкупно 60 илјади осигуреници половината имаат електронски здравствени картици. Дваесет илјади велешани чекаат да им се испечатат а 4 илјади граѓани немаат поднесено барање за издавање на новиот документ. Најголем број од нив се вработени во помалите фирми во градот со кои од подрачната единица на Фондот за здравство велат дека се во комуникација и ги договараат работите. Според раководителот Анде Марковски ова е задоволителна бројка а издавањето на електронските картици се одвива континуирано.

– Направивме распоред и сите сите вработени во Фондот издаваат картици. Така нема гужва и мислам дека нема причина за незадоволство. Се организираме максимално брзо да ја завршиме постапката, рече Марковски.

Иако само 5 отсто од осигурениците во општина Велес не поднеле документи сепак од Фондот апелираат тоа да го сторат што побрзо./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.