Градоначалникот Аце Коцевски од вчера е во самоизолација, повикува на смиреност и без осуда за позитивните на Ковид 19

Објавено на 26 март, 2020 во 16:25

kocevski

Двајца од позитивните сограѓани на коронавирусот биле пациенти на сопругата на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Бидејќи д-р Билјана Коцевска имала контакти со пациентот таа и нејзиниот сопруг донеле одлука за самоизолација.

Градоначалникот Коцевски и д-р Билјана Коцевска се во самоизолација од вчера. Тие сами се пријавиле и се помеѓу шеесетмината чии брисеви се тестираат во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје во Скопје.

И додека ги чекаат резултатите, Коцевски со апел до велешани за смиреност и да не ги осудуваат позитивните на „Ковид 19“ бидејќи секому може да му се случи истото.

Сепак преку интернет Коцевски вчера ги координирал активностите на Општинскиот Кризен штаб паралелно со активностите и работата на Општина Велес. Така работи и денеска/У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.