Велешанец баран со потерница поради бегство од затвор
Објавено на 26 август, 2022 во 11:00
Поради бегство од Казнено – поправната установа „Затвор Велес“, четириесет и две годишниот велешанец З.Д бил баран со потерница. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес го лишеле од слобода и при преглед кај него нашле и одземале хероин.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека велешанецот е предаден на надлежната казнено поправна установа и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева