Велешанец физички го нападнал синот на поранешната партнерка
Објавено на 18 јануари, 2024 во 10:29
Триесет и пет годишна велешанка, вчера, во Сектор за внатрешни работи Велес пријавила дека нејзиниот една година помлад поранешен партнер, Џ.К од Велес, по кратка расправија во нејзиниот дом физички го нападнал нејзиниот малолетен син.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк