Велешанец ја тепал поранешната сопруга на улица, завршил на службен разговор во Полициска станица

Објавено на 9 ноември, 2024 во 12:41

Дваесет и шест годишната поранешна сопруга на Ш.И (34) го пријава во Полициска станица Велес затоа што кога ја пресретнал на улица „Ангел Мишев“ во Велес тој и се заканувал, физички ја нападнал и го скршил мобилниот телефон.

-Полициски службеници на станицата во Велес, вчера вечер, во 21:30 часот во Сектор за внатрешни работи извршиле службен разговор со Ш.И.(34) од Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.