Велешанец мешал хероин со кофеин и парацетамол па го продавал
Објавено на 19 март, 2024 во 12:13
Основото јавно обвинителство Велес, донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишниот Т.А од Велес, кај кого при претрес во домот на 13 март, годинава, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, биле пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол.
Обвинителството на велешанецот кој е осомничен за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции предложи да му биде определена мерка притвор.
Дума.мк