Велешката полиција открила крадец на струја којшто копал криптовалути
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје, со наредба од Основен суд Велес, вчера, во 7:40 часот, извршиле претрес, во семејната куќа на Љ.Т.(67) од Велес којашто се наоѓала во село Извор, во општина Чашка. При претресот, полициските службеници, констатирале дека во домот било извршено нелегално поврзување на електрична мрежа со електричен кабел, пред електричното броило во 6 ригови, со 60 графички плочи, за копање на криптовалути.
На лице место дошла и стручната служба од „ЕВН КЕЦ Велес“. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа на СВР Велес.
-Исто така извршен е разговор со Љ.Т. и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска